Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средба со граѓани во Свети Николе, порача дека кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Дејан Гичев и советничката листа за Свети Николе, се луѓе кои ќе работат со и за граѓаните. Филипче на средбата изрази целосна поддршка за Гичев и советничкиот тим, нагласувајќи дека процесот на избор на кандидатите бил најтранспарентен досега, директно со вклученост на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
„Сè што ќе го ветат, можат да го исполнат. И јас ја преземам обврската за нивната чесна и транспарентна работа. Никој никогаш нема да има затворена врата во општината. Без разлика за кого сте гласале – ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија – ова ќе биде власт за сите“, рече Филипче, додавајќи дека така функционира модерна, европска општина.
Филипче испрати повик за граѓанска мобилизација укажувајќи дека ќе водат фер и мотивирачка кампања, со решенија, а не поделби.
„Имаме сериозна обврска – да дадеме сè од себе, да ја вратиме енергијата, да поведеме фер, мотивирачка кампања, од улица до улица, од маало до маало, кон секој наш сограѓанин. Луѓето сакаат решенија, а не поделби. Чисти и безбедни улици, функционална локална самоуправа, достапни и одговорни институции – тоа е локалната политика за која се бориме,“ истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче од Свети Николе: Со ВМРО-ДПМНЕ, државата целосно ги напушта вредностите на демократијата, еднаквоста и солидарноста
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на средбата со граѓани во Свети Николе порача дека е потребно враќање на вистинските вредности, демократијата и праведното владеење во Македонија, потенцирајќи дека мала група на ВМРО-ДПМНЕ целосно да ја контролира државата.
„Од Свети Николе потекнува првиот претседател на Владата на Македонија во рамките на Југославија и прв претседател на Југославија по Јосип Броз-Тито. Сега сме собрани тука, пред неговиот споменик, токму во момент кога се рушат вредностите што ги постави народно-ослободителната борба: еднаквост, солидарност, демократија. Време е тие вредности да ги вратиме!“, порача Филипче.
Лидерот на СДСМ ја истакна улогата на партијата низ најтешките одлуки за државата од 1991 година наваму, кои секогаш биле со цел да се заштити интересот на граѓаните и државата, независно од политичката цена.
„Никогаш не сме ја злоупотребиле државата. Имавме добри политики, од социјалната помош, до медиумските слободи. Но не ги продадовме добро. Се соочивме со невидена пропаганда”, додаде Филипче.
Со апел дека државата не може да се гради со поделби и страв, туку само заедно, Филипче порача:
„Ние друга иднина немаме, освен сите заедно – во мала земја, во мал град, каде што само ако се договориме и работиме заеднички, можеме да успееме. И тоа мора да почне од локално ниво – од секоја општина.”
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста