Последните изјави на Христијан Мицкоски се јасен доказ за неговата паника пред 19 октомври. Кога еден политички лидер ја губи присебноста и измислува имагинарни сценарија за коалиции што не постојат, тоа значи само едно: тој знае дека поразот и неостварувањето на неговите антиалбански планови му чукаат на врата, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Вистината е едноставна: проектот што тој го нарекува ВРЕДИ е во слободен пад и на 19 октомври ќе претрпи вистински дебакл. Наместо да зборува за визија и програма, Мицкоски се занимава со фантазии и се обидува да измислува сценарија за да ги избере сам претставниците на Албанците.

Но граѓаните добро знаат: Албанците се обединети за правда и достоинство, додека неговата политичка алатка — ВРЕДИ — тоне сè подлабоко секој ден.

Прашањата кои Мицкоски не се осмелува да им одговори:
• Зошто на Мицкоски толку многу му пречи ДУИ? Дали случајно затоа што знае дека ДУИ не може да го потчини и да го претвори во вазал?
• Зошто СДСМ нема кандидати таму каде што не се натпреварува ВМРО, како во Чаир, Тетово, Гостивар и Струга?
• Зарем ова не е доказ дека ВМРО и СДСМ спроведуваат заеднички план за политичка асимилација на Албанците и продолжување на деградирачкиот проект со вазалите на ВРЕДИ?
• Дали мисли Мицкоски дека може самиот да ги одредува претставниците на Албанците, сведувајќи ги на фигури на сопствената политичка сцена?
• Зошто беше толку вознемирен во Собранието кога изјави дека планот на ДУИ е „да не се дозволи Македонците да избираат кој ќе раководи со албанските општини“?

Реалноста е следна: Мицкоски сфати дека ДУИ не може да се елиминира. ДУИ не е само партија — туку е политичка организација на Албанците, темел и основа на еднаквоста и архитект на најголемите достигнувања на оваа држава: Охридскиот договор, членството во НАТО, преговорите со ЕУ, јазичните и институционални права.

Секоја негова реченица за „елиминација“ всушност е повик за укинување на политичкиот глас на Албанците. Тоа е опасна националистичка реторика — пропадна во 2001 година и ќе пропадне повторно.

За жал, во оваа валкана игра, ВРЕДИ се согласил да биде инструмент, дури мал инструмент на Мицкоски. Со таа вазалска улога тие подготвуваат терен за враќање на „српскиот свет“ преку ВМРО. Но нека знаат: со вазали не се гради ниту стабилност, ниту пак држава.

На 19 октомври Албанците ќе дадат најсилен одговор: ќе го урнат опасниот проект на Мицкоски и ВРЕДИ ке се распушта. Затоа што претставниците на Албанците не ги бира ВМРО —ги бираат самите Албанци, а нивниот избор е ДУИ.

Ние не исчезнуваме, не се предаваме и не се продаваме. А уште помалку се купува албанското достоинство.

Нашиот глас е посилен од секоја фантазија, и на 19 октомври тој глас ќе се слушне како никогаш досега.
ДУИ е тука и ќе остане единствената политичка адреса на Албанците.

ДУИ