Процесот на образование има двојна улога. Од една страна, да ги едуцира и да влијае на личностите кои активно ги создаваат, дефинираат и водат промените во општеството. Од друга страна, да го едуцира ученикот / студентот за стекнување вештини со кои полесно ќе се адаптира и ќе ги прифати промените кои се случуваат во општеството во кое живее. И во двете ситуации, образовниот процес игра активна улога во создавање успешни личности кои активно ќе влијаат и ќе се прилагодуваат на промените во општеството.
Оние факултети / високо-образовни институции кои ќе успеат да ги овозможат овие две парадигми како избор за студентите ќе имаат успех во можноста да едуцираат уште повеќе нови студенти. Токму Факултетот за општествени применети студии (School of advanced social studies) од Нова Горица, Словенија, внимава на овие процеси и овозможува студентите да добијат квалитетни вредности и знаења кои ќе ги пласираат на патот кон успехот.
Словенечкиот Факултет за општествени применети студии – ФУДШ (School of advanced social studies), преку своите образовни и применливи програми ги едуцира и оспособува младите да бидат граѓани на Светот. Пример, Вештачката интелигенција како техничка област се обработува низ призмата на важноста за човештвото, низ перспектива како да се користи за доброто да општеството, со разбирање на етичките, културните и хуманистичките импликации. Се третираат сите глобални меѓу-културни предизвици со кои се соочува човештвото во 21-от век. Областите како што се одржливоста и општествената одговорност се многу важни категории во функционирање на општеството како институција во која се вклучени сите луѓе.
Едноставно, студентите добиваат мултидисциплинарни знаења кои ќе ги применуваат во животот и своите професионални патеки на развој и напредок. Една категорија ќе се определи за можноста да интервенира во реалноста со предлагање и дефинирање разни теми, предлози, размислувања и толкувања на дадени ситуации. Нивната проактивна улога, директно, ќе влијае на квалитетот на животот на луѓето. Останатите личности ќе треба да изградат вештини со кои полесно ќе се прилагодуваат и ќе ги прифаќаат овие промени. Процесот на адаптација на новото е сложен и многу личности не успеваат во неговата реализација.
Затоа, професорот на Факултетот има сериозна обврска да понуди квалитетна перспектива на секој млад студент. Предавањата да ги прилагоди на сите студенти, без разлика во која од овие две категории ќе се втемелат. Да овозможи сите заедно да ги анализираат последиците од одредени интервенции во општеството, односно да ги буди вредностите на критичко размислување, општествена свест и интегритет. Мулти-дисциплинарноста на наставниот кадар на Факултетот за општествени применети студии – ФУДШ овозможува да се задоволат гладта за истражувачките и љубопитни студенти.
Исклучително добар пример за интердисциплинарност претставуваат и курсевите и проектите на доц. д-р Јања Микулан. Како политиколог и социолог, таа вклучува знаења и пристапи од областите на политичките науки, социологијата, а во последниве години и психологијата, во својата наставна работа на додипломски и магистерски студии – на курсеви како што се Учество и помош во заедницата, Предизвици на глобализацијата и Глобална безбедност. Д-р Микулан е убедена дека само преку интердисциплинарен пристап на студентите може да им овозможиме да ги стекнат знаењата, вештините и вредностите потребни за подлабоко разбирање на сложените општествени предизвици.
Како водач на педагошки ориентираниот модул на Жан Моне „ЕУ како глобален актер во фрагментиран и трауматизиран свет“ – EU – GlobalAct, тој отвора простор студентите да се сретнат со различните перспективи на бројни гости-предавачи, кои доаѓаат и од академската заедница и од практиката. Исто така, овозможува студентите да посетуваат разни институции, каде што стекнуваат искуство од прва рака, што често има значително влијание врз нивното разбирање на опфатените теми.
Таа дополнително го зајакнува својот педагошки пристап со резултатите од фундаменталниот постдокторски истражувачки проект „Ранливост кон радикализација од перспектива на траума“ (2023–2025; ARIS). На овој начин, директно на студентите им обезбедува најнови сознанија во областите на радикализација, тероризам и траума и ги обезбедува со знаење потребно за да разберат и решат некои од најитните општествени предизвици на современиот свет.
На Факултетот за применети општествени студии веруваме дека иднината ја обликуваат луѓе со знаење, вредности и визија. Доколку сакате да станете дел од заедница која ко-креира решенија за предизвиците на 21 век, ве повикуваме да се запознаете со опциите за студирање на ФУДШ и да го направите првиот чекор на патот кон вашиот успех.