ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кандидати за градоначалници забележуваат голема поддршка од граѓаните и на анкетата спроведена за општина Бутел.
Последната телефонска анкета за на Институтот за политички истражувања Скопје, направена на потребите на МРТ во септември месец, во која анкетирани се 1000 испитаници покажа дека за актуелниот градоначалник, Дарко Костовски кој е и кандидат за уште еден мандат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25.6%, наспроти кандидатката на СДСМ, Оливера Ливриниќ за која би гласале само 5% од испитаниците.
На прашањето „За кој кандидат за градоначалник на Бутел ќе гласате на локалните избори?“, Дарко Костовски води со 25,6% од испитаниците, за Исамедин Азизи ќе гласаат 7,2%, додека за кандидатката за градоначалник на СДСМ, Оливера Ливриниќ би гласале само 5% од испитаниците.
Додека пак на прашањето „За која партија/советничка листа би гласале на изборите во Општина Бутел?“, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека би гласале 21.4 проценти, Националната алијанса за интеграција има 9.7 отсто доверба, коалицијата Вреди 9.5%, СДСМ 5.1 процент, Левица 3.2%, додека Знам 2.9%.
Граѓаните, исто така беа прашани и за тоа која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори, за што 28.1% од испитаниците одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, Национална алијанса за интеграција 8.8%, коалиција Вреди 8.1%, СДСМ има 4% доверба, Левица 2.4%, а Знам 2.3% од испитаниците.
На прашањето, „Која политичка опција сметате дека најдобро би се справила со проблемите во вашата Општина?“, дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ одговориле 23.6% од испитаниците, Национална алијанса за интеграција 9.1%, коалицијата Вреди 9%, СДСМ 4.8%, левица 3.1%, додека Знам 2.4%.