Човек!? Објективно такво нешто не постои, само субјективно некои човечки личности се во процес да постанат ЧОВЕК!
За жал, голем процент човечки суштества го избираат процесот во кој тотално го уништуваат, го расчовечуваат ЧОВЕКОТ во себе!
Да, тие и понатаму надворешно изгледаат на човечки суштества, но, внатрешно, тие се директна негација на човештината!
Општество, составено од човечки суштества кои го негираат ЧОВЕКОТ и се спротиставуваат на човештината, не е ОПШТЕСТВО (заедништво=заедница=за+едно), туку е глутница на агресивни, алчни, маскирани (лицемерни), себични, САМО+ЖИВИ, егоистични, бесмислени, бесцелни, по себе и за себе пресметливи единки!
Ваквите ЕДИНКИ сосем го губат осетот за објективност, вистина, ралност, конструктивност, добрина, духовност, Бог, заеднички вредности и цели и тотално се нурнати во својот егосубјективизам! Нивниот егосубјективизам се темели на страв од себе и за себе! А стравот е последица од нивната ПРАЗНИНА!
И може ли нешто ДОБРО да се очекува од отуѓени и себеизгубени ЕДИНКИ кои живеат во страв од себе и за себе?
Човек!?
Објективно такво нешто не постои, само субјективно некои човечки личности се во процес да постанат ЧОВЕК!
Општество!?
Објективно такво нешто не постои, само лично некои личности кои се во процес да постанат ЧОВЕК на општеството му даруваат добрина, мудрост, надеж и иднина од својата човештина!
о. Ивица Т