Откако пожар ја уништил целата негова куќа во вторникот утрото, еден човек од Тексас открил дека единственото нешто што не изгорело е неговата Библија.
„Имаше некој чуден мирис во мојата куќа, не знаев од што, потоа отидов во кревет и ме разбудив огнот”,вели Чарли Хаус од Тајлер, Тексас. „Станав утрово околу 4:30, погледнав … мојата спална соба во пламен”.
Канцеларијата на противпожарната служба од Тајлер вели дека пожарот веројатно се случил поради „опасни жици“.
„Тој рече дека Неговото Слово нема да исчезне, а Библијата не изгоре”, вели Хаус. „Малку ја зафати огнот, но не изгоре. Тие негови зборови се реалност“.
„Тоа е благослов”, вели тој, „Не можам да престанам да го кажувам тоа, затоа што тоа е вистина. Фала му на Бога. “
Хаус добива донации за да изгради нов дом, засега му требаат 5.000 долари.