Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе присуствуваат на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „Боран“, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата.

На „Криволак“, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе биде презентирана и новата набавка на униформа за припадниците на Армијата, набавена во рамки на Договорот за воено-финансиска соработка со сојузничка Турција.

По настанот, министерот Мисајловски ќе даде изјава за медиуми.

Фото: архива