Кинеското население ќе има „врв“ од 1,442 милијарди во 2029 година и потоа ќе почне долг период на „незапирлив“ пад на населението, утврдија владини научници во извештај.
Најмногубројната држава во светот ќе мора сега да изработи политика за да реши недостиг од работна сила и рапидно стареење на населението, според резултати од Зелената книга за населението и трудот објавена од кинеската Академија за општествени науки.
Порастот на населението сег е во стагнација, а порастот на бројот на постарото население ќе има далекусежни последици врз општествениот и економски развој на државата особено ако стапката на раѓање остане ниска. Се очекува бројот на жители во Кина да се намали на 1,3 миллијарди до средината на векот, што може да значи пад на работната сила за 200 милиони луѓе.