Државната изборна комисија информираше за излезноста на локалните избори, за Град Скопје до 13 часот.

Според нивните податоци, од избирачките места од кои им се пристигнати, до 13 часот излезноста во копје е 20,07 проценти.

По општини е следна:

Аеродром – 20,63 проценти излезност
Бутел – 20,69 проценти излезност
Гази Баба – 18,97 проценти излезност
Ѓорче Петров – 19,67 проценти излезност
Карпош – 21,69 проценти излезност
Кисела Вода – 20,89 проценти излезност
Сарај – 21,18 проценти излезност
Центар – 22 проценти излезност
Чаир  – 19,17 проценти излезност
Шуто Оризари – 13,76 проценти излезност

За споредба на локалните избори во 2021 години, излезноста за Град Скопје во 13 часот била 20,76 проценти.

Скопјани на Локалните избори 2025 имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места има поднесено 19 листи со 855 кандидати. Тие исто така гласаат и за градоначалници и за советници на скопските општини во кои живеат. Па, така, на изборните места ќе добијат четири ливчиња, кои по гласањето ќе треба да ги стават во обележани кутии. Право на глас во Градот Скопје имаат 474 304 избирачи.