Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Никоклоски денеска беше во посета на Маџир Маало заедно со кандидатот за градоначалник за општина Центар, Мирослав Лабудовиќ од Движење ЗНАМ за Наша Македонија, каде остварија средни со граѓаните на општина Центар.
-Денеска остваривме средби и поразговараме со жителите на Маџир Маало, тоа е срцето на главниот град, срцето на Скопје. За жал луѓето живеат во субстандардни услови и овде можете на дело да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање на урбанизам само во интерес на поединци. Затоа што поединци кои што се блиски на актуелното раководство на општина Центар не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис, затоа луѓето тука живеат во една ситуација кој не доликува на 21 век, рече Николоски.
Тој потенцира дека се уништени улици, немаат соодветен водовод и канализација, затоа имаа нерешени имотни прашања и се наоѓаат во субстандардни услови, а тоа е така затоа што општината воопшто не им дава да се развиваат.
-Можете да замислите, низ оваа тесна уличка треба да поминуваат сите овие што ќе живеат во овие нови згради кои што се градат тука, а од другата страна позади мене луѓето не можат да си стигнат до куќите. Ова на најдобар начин покажува како се уништива општина Центар и зошто се потребни промени во општина Центар. Јас многу гласно и за општина Центар и за Карпош зборувам откако сум избран за министер предложив и на двете општини и на двата актуелни градоначалници да донесеме специјални закони за општина Центар и општина Карпош кои што би дале развој, но би го заштитиле овде урбаното живеење, каде двајцата не се согласија и сега ги гледаме причините зошто, рече вицепремиерот Николоски.
Николоски потенцира дека заедно со идниот градоначалник на општина Центар Лабудовиќ ќе работиме да ги решиме овие проблеми и луѓето на општина Центар и со луѓето од Маџир Маало со коишто разговаравме денеска да добијат пристојни услови за живот.




