Унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на 7 ноември во Вашингтон, изјави началникот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулјас, на денешниот брифинг.
Гулјас додаде дека средбата ќе им овозможи на двајцата лидери да разговараат за распоред што би можел да доведе до мировен договор во Украина.
Орбан претходно изјави дека на средбата со Трамп планира да разговара и за американските санкции против руските нафтени компании, што има импакт и во унгарската економија.
Американскиот претседател Доналд Трамп, близок сојузник на унгарскиот лидер, минатата недела воведе санкции против Русија за првпат во својот втор мандат, насочени кон Лукоил и Роснефт, во обид да изврши притисок врз Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина.
Потегот на Трамп ги зголеми цените на нафтата и ги загрижи Унгарија и Словачка, најголемите купувачи на руска нафта во Европската Унија, кои и порано мораа да побараат исклучоци од европските ограничувања.
фото: Архива




