Во врска со изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена во емисијата „Во Центар“ во која во негативен контекст го споменува името на Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата познат по изјавата за „Бојко, Љубави, како си ми“, даде не така остроумно појаснување на неговиот профил на Фејсбук.

– Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум „мешетарел“ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување. Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради „квалитетот“ на изворите со кои се дружат – наведе Пендаровски.

Инаку, иако нагласи дека нема да зборува за имиња, Фрчкоски во емисијата сепак директно го спомна Пендаровски и рече:

– Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе…

Инаку, во кулоарите веќе подолго време се шпекулира дека Стево Пендаровски води некаква иницијатива за реформи во СДСМ и во опозицискиот блок, но до овој момент за тоа никој не проговорил јавно.