Сите инволвирани во корупција ќе бидат повикани на одговорност, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветувајќи дека националната нуклеарна компанија ќе биде исчистена од корупциски шеми, јавија британските меидуми.
-Сите оние што создадоа корупциска шема мора да добијат јасен правен одговор. Мора да има кривични казни, нагласи Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање.
Изјавата тој ја даде во коментар за денеска отворената истрага за корупција во енергетскиот сектор на Украина.
-Неопходна е неизбежност на казната. Енергоатом во моментов обезбедува поголем дел од производството на електрична енергија во Украина. Чистотата во компанијата е приоритет. Исто како и во енергетскиот сектор во целина и во секоја индустрија, додаде украинскиот претседател.




