На десетгодишниот Никола Черкезов, кој веќе 4 години храбро се бори со леукемија и моментално е на лекување во болницата Medical Park Bahçelievler Hospital, Истанбул (Турција), ИТНО му се потребни гранулоцити од крвна група A+.

Донорот мора да биде турски државјанин или да има важечка виза за престој.

-Ги повикуваме сите хумани луѓе со крвна група A+, кои се наоѓаат во Истанбул и имаат турско државјанство, да се јават и да помогнат во најважната животна битка на Никола. Воедно, ги молиме сите што имаат пријатели или роднини во Истанбул да го споделат овој апел — можеби токму тие ќе можат да помогнат, се наведува во објавата.

Контакт телефони за дополнителни информации (клиника):

Азра: ‪+90 536 888 92 51‬
Дилек: ‪+90 543 897 09 94‬
Валентина (мајката на Никола): ‪+389 70 420 603‬ WhatsApp, Viber