Како што беше закажано, точно на пладне започна граѓанскиот протест пред Собранието на Република Македонија, каде треба да се одржи пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени и смена на името во Северна Македонија.

На протестот се собраа повеќе илјади граѓани, организирани преку социјалните мрежи.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и големо присуство на полицијата пред собраниската зграда, како и во околните улици во центарот на Скопје. Специјалци со возила и вооружени со автоматско оружје имаше стационирани на уличката во близина на паркингот кај Трговски центар.

Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.

Организаторите истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.