Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања.

– Многу е важно сите институции навремено да ги достават налозите до трезорот за да може трезорот навремено да ги плати. Ако се доставуваат налозите на 25, 27, 28 … потоа повторно Владата е виновна зошто тоа навремено не е платено. Се разбира, ќе има толеранција но ова беше кажано се со цел институциите одговорно да се однесуваат и да може да се изврши плаќањето до доверителите, она кое Министерството за финансии преку трезорот треба да го направи, рече Мицкоски.

Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во Општина Ново Село.

Фото: архива