На социјаните мрежи се појавија фотографии од лидерот на СДСМ Венко Филипче, снимен на аеродромот во Венеција, Италија, каде, како што се тврди во објавата, фаќа лет за Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, објави ТВ Алфа.

„Венко Филипче штотуку сликан на аеродром Венеција како патува во Дубаи. Се скара со цела држава и за Нова година во Дубаи, вака на власт не се доаѓа“ – се вели во објавата на Фејсбук профилот Механичарот, каде што се објавени фотографиите на Филипче со членови на семејството на аеродромот во Венеција.

Деновиве на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ го прозива Филипче да каже како ја добил тн. Златна виза за ОАЕ, и дали учествува во градежна инвестиција во Дубаи. ВМРО-ДПМНЕ претходно објави интервју со поранешниот соработник на Зоран Заев Тома Арврамски, кој во настап на Тв Хепи во Србија изјави дека Филипче поседува стан во Дубаи.

На социјалната мрежа „X“ денес се појавија еклузивни слики од Венко Филипче на аеродормот во Венеција, се вели во објавата на Курир.

Како што се гледа од фотографиите и од текстот на објавата, Филипче е упатен на пат кон Дубаи. Најверојатно на дочек на Новата година.

– Се скара со цела држава и за Нова година во Дубаи, вака на власт не се доаѓа, пишува во објавата

https://denesen.mk/sdsm-nashata-borba-protiv-kriminalot-i-korupcijata-prodolzuva-nema-da-ne-zamolchite-rabotata-ne-ni-e-zavrshena-site-kje-odgovarate/