Во исто време кога северните билмези ја скопат или кастрираат македонштината од државата која некогаш се викаше Македонија, истите тие оперирани или кастрирани од национално чувство, гордост и достоинство удрија и по сиротите кутриња. Епа навика, јеби га. Небаре, не им беше доволно што ја рaсчеречуваат сопствената држава, историја, име и Устав, па влезени во садистичкиот филм, продолжија да удираат и по најдобриот човеков пријател… Оти, изгорениот од врело млеко дува и во маштеница, а декадентниот и национално скопен северномакедонски Талибанец, по толку уништување, од пуста навика си бара нова цел за своите демолирачки пориви. Што е следно? Ах, да, народот…
По скопењето на државата, Уставот и историјата и најавената кастрација на кучињата, дали северомакедонските Талибанци ќе го скопат и сопствениот народ? Па ајде, нека завршат со задачата им зададена, чиј втор чекор по промената на се’ национално и македонско, е пописот на кој Македонците ги нема. Скроз. И ги молам Талибанците да ми простат за злоупотребата на нивното име, тие, сепак, какви и да се, се подоблесни од тукашниве ни суруши…
Искрено, како бре само им текна она за кастрацијата на домашните кучиња?! Да, и до сега, ама ич не се сомневавме дека се „отидени“ и забегани опортунисти, анационални срцки зинати за пари и ликови без трунка срам, ама не знаевме дека се и садисти. Или, барем се надевавме дека не се. Но ете, и тој порив да ти тлеел во бездушните души шаренолики.
Ало, дали сте бре нормални? Вие мене мој Шарко ќе ми го кастрирате, билмези непрокопсани низаедни? Сиктер таму! Верувам дека идентичниот одговор и силното „МРШ!“ ќе го добијат од илјадници други сопственици, кои се соочуваат со истиот грозоморен, идиотски проблем на дотичните лукративни кастратори. ГРОМОЗОРЕН де, што би рекол предводникот и алфа мажјакот им Заев… Доволен опис на стадото, знаете, она, кога Зоки ви е Алфа, а Боки ви е Бета…
Сепак, зарем навистина мислат дека ваква нечовечка будалаштина ќе им помине? Ах, да, им помина со Северна, па зошто не би и со задолжителната кастрација на најдобриот ни пријател? Државата ја кастрираа, па кутрињата пусти. Но ве тера да се запрашате, што е следно, нели… Уште поверојатно, што им е целта на бездушниот чин? Епа, опциите се неколку.
Прво, им забревта ли повторно фабриката за магла за да направи дефокус од севернава ни наметната глупоштина? Онака, ко што си знаат во свој манир, класичен комуњарски ала Роко & Рада ултра-спин.
Второ, башка поверојатно, имаат ли северњаците некоја кастраторска фирма, која во позиција на низок старт на кејот зад „Илинденска“ бр.2 подготвено чека да го лапне тендерот за скопење на илјадници прекрасни и мили домашни кутриња? Незадоволени жени, сопрузи, деца ли на некој министер? Ууууу, ова ќе да е многу, многу поверојатно. Гарант, сега се некаде на дообука, па со скалпели и хируршки ножички вежбаат ли вежбаат како се сечат мадиња на машки кутриња и наголемо стерилизираат кучки. Блјак, нели, но на нив, најверојатно, лесно им оди, оти ситуацијата и улогата кастраторска толку добро им прилега.
Звучи грдо, но преносно, не буквално се разбира, сте виделе ли некогаш и некаде постерилна влада и политичари со толку мали, поверојатно и без мадиња? Политичари кои беспоговорно примаат се’ и даваат се’. Па сетете се само на се’ што дадоа и продадоа, без никакво чувство, гордост и достоинство. Евнуси на задача да го чуваат харемот на пашата од ридот, нели… Нека ви текне само на сите оние ламентации за наводните придобивки од Северната лакрдија, а демек дале само име, Устав и историја?! Ве тера да се запрашате, кој нормален тоа би го направил, нели…
Епа, мозочно немиени чеда Божји, сето ова би можел да го направи само човек кој е опериран од какво и да е национално чувство, од достоинство, гордост. Да, лукративни и национално скопени ликови, кои за жал, испадна дека ги имаме на претек. За извоз… Опортунистички стерилни срцки, израснати со желба за сушење на толку им посакуваната државна цицка и со толку енормно голема желба да прават пари. По секоја цена. Ликови, за кои патриотизмот и љубовта кон татковината се тешка глупост и атавизам…
И така, национално скопените, кастрирани од се’ што е македонско, ја продадоа Македонија. А вие така крајно деморализирани се’ уште сте изненадени од нивната бескруплозност, и натаму си седите дома и пцуете пред ТВ или на ФБ што само 100 души пред Собрание ја бранат Македонија од Северна?
Она, кога посакуваш некој навистина да ставал нешто во водата или да пуштал нешто во воздухот… Така, барем ќе имавме некакво оправдување…