Американскиот претседател Доналд Трамп објави список за тоа колкав процент од мигрантските домаќинства од различни земји се на товар на државата и добиваат помош, меѓу кои го наведува процентот и од Република Македонија, која во објавата е напишана без придавката „северна“, објави Офнет.

Според објавениот список на врвот се Бутан, Јемен и Сомалија со по 70%- 80%, а од Македонија има 33 отсо.

– Ако не верувате, видете самите. Каде и да е, ќе се јават Грците, па Бугарите итн. Или, сепак, за да не им врати, ќе си премолчат… пишува Офнет и ја објавува табелата во која името на Македонија е без Северна.