Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од утре по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Во Берово изутринава во 7 часот се измерени – 12 степени, -11 во Крива Паланка, – 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови – 9. Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор – 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница – 7, во Гевгелија – 5 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова шапка има 26 сантиметри снег, во Крушево 15, во Ѓуриште 4, а во Тетово и Берово 2 сантметри.
Фото: Денешен




