Универзитетскиот професор и поранешен прв антикорупционер Воислав Зафировски гостуваше во емисијата ЗА ИЛИ ПРОТИВ со Љупчо Цветановски на Алфа Телевизија. На темата пржинска или т.н. техничка Влада дали треба да има или воопшто не даде свое видување.
-Таква Влада и воопшто не требаше да има. Репиблика Македонија сепак е држава која функционира според демократски принципи и по принципите на јасна поделба на законодавната, извршната и судската власт. Некаде 2015 година во Република Македонија се увезе односно „ни увезоа“ револуција ја крстија „шарена револуција“ која воопшто немаше македонски карактер, затоа што во неа немаше никаква идеологија туку имаше странска агенда, да се сруши власта и потоа со ново поставени лидери да се тргне во разградување на македонското ткиво на македонската држава преку промена на името, преку потпишување на договор за недобрососедство со Бугарија и еве ги сега до каде сме стигнати, нагласи Зафировски.
Професорот Зафировски потенцира дека тоа не треваше да се случи и наведе потсетување на фактите.
-Само да се потсетиме 2015 беше многу тешка година од аспект на вкупните состојби во републиката. Имавме период кога се донесе тој „Пржински договор“ чинам дека беше на 2 Јуни 2015 за неколку дена после тоа да излезе Извештајот на Рајхан Прибе од Европската Комисија каде што се бараа реформи и во изборната легислатива, во судската влас, во обвинителската власт, во работењето, во финкционирањето на медиумите итн. И на кај се случи да се избере Специјалното јавно обвинителство кое видовме и како и заврши, потенцира Зафировски.
Тој нотира дека самото Специјалното јавно обвинителство не било никаде во Уатавот предвидено, ниту пак постоела таква опција.
– Сѐ се случуваше зад затворени врати, демократија која функционира како „рогови во вреќа“ четворица лидери ќе се соберат и некој странец задолжително ќе ја протресе таа вреќа, па што ќе излезе ќе излезе. Натаму во Собранието, пратениците ќе ги изгласаат решенијата кои наводно се договорени меѓу четворицата лидери и тоа го нарекуваат како „демократски чин“. Ни од далеку мириса на демократија, ни од далеку претставува демократија. Наметнаа некои правила на игра кои се невообичаени за кој било демократски свет, бидејќи се знае дека Владата која раководи со една држава се избира на непосредни избори, рече Зафировски.
Тој потенцира дека апсолутно нема никаква потреба од преодна влада, од техничка влада или како сакаат нека ја крстат.
-Тоа го има само кога со воен удар се руши некоја Влада, па се наметнива потреба од предвремени избори, од реализирање на избори и тогаш логично се формира Техничка Влада со јасен мандат, да ги спровњеде изборите и влста да ја предаде на легитимно избраната Власт, дециден е професорот Зафировски.




