Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Охрид го честиташе големиот христијански празник Богојавление-Водици, посакувајќи здравје, среќа и благосостојба на сите верници и на првиот кој дојде до Светиот крст во осветените води на Охридското eзеро.

-Би сакал да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, за Охрид најголем празник. Драго ми е што имаме еден прекрасен ден, мислам дека имаше преку 20.000 луѓе кои се појавија на градското пристаниште, многу туристи, многу странци, што мислам дека многу значи за развој на градот и на туризмот и мислам дека ова што го прави општината предводена од градоначалникот Пецаков и со поддршка од Владата, ќе продолжи да дава резултати и во периодот кој што е пред нас. Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје, среќа, да го пратат во текот на годината и за убави работи да се гледаме, порача во празничната изјава вицепремиерот Николоски

Мартин Гоџо од Варош го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро. Не е прв пат тој да е најсреќен меѓу оние кои се фрлаат по Чесниот Крст.

Голем број верници учествуваа во чествувањето на првославниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на Чесниот крст.

Оваа година за прв пат водите на Охридското Езеро ги освети и во нив го положи Чесниот крст новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј, кој и самиот вели дека Богојвление – Водици е еден од најважните настани, не само за градот Охрид, туку и за цела Македонија, којшто и во текот на изминатите години никој не го наметнал, туку природно Охрид го има здобиено најважниот настан на Богојавление да се случува токму тука.

На Мартин први му честитаа градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, а на овој голем дел во македонскиот Ерусалим се наоѓа и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.