За утре се најавуваат настани поврзани со името на Македонија, односно четвртокот е денот кога се очекува премиерот Зоран Заев да одговори дали го прифаќа грчкиот предлог изнесен како последен на преговарачката рунда во Њујорк, објавува „То вима“.
Цититрајќи објава на пратеникот Антонио Милошоски на неговиот Фејсбук, не е исклучено во петок во грчкиот дел на Преспа, да се случи чинот на потпишување на договорот од премиероте Заев и Алексис Ципрас.
Многу нејасни прашања има поврзани со настанот и со договорот, а некои грчки медиуми се навраќаат назад за време на преговорите во Њујорк и драматичните моменти што се случувале таму, кои биле блиску да го кренат договорот во воздух.
Прва, секако, е клучната улога на советникот на Заев, Бојан Маричиќ, кој се наведува како главен посредник со грчката страна во постигнувањето договор кој ќе биде ерга омнес, односно и за меѓународна и за внатрешна употреба. Како последно се спомнува името „Република Северна Македонија“, име кое треба да се стави на сите јавни натписи, фирми, државни знаци, пасоши, а според грчки извори тоа ќе се однесува и на националноста и на јазикот.
На соседната земја, пишува „То вима“ ќе и се даде преоден период од две години за да ги усвои и имплементира промените, а како што се гледа за Грција нема никаква обврска, освен да го прифати тоа што самата го понудила.
Дилема за грчките анализи е како Заев ќе ја „прескокне“ опозицијата и претседателот? Според нив, токму таа дилема е причината зошто Заев одолговлекувал со потпишувањето на договорот.
Меѓутоа „Хелас џурнал“ изнесе и непознати детаљи од разговорите во Њујорк. Притоа се наведува дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров по петчасовните преговори со Нимиц и со Коѕијас побарал нови преговори. Димитров сакал да се консултира со британскиот адвокат, Брим Напиер, кој ја застапувал Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Адвокатот предупредил на политичките прашања што значело крај за договорот, по што грчката делегација ги прекинала разговорите велејќи дека договорот е затворен, а доколку тоа не е така тогаш се почнува од почеток.
По ова, наводно посредникот повторно се конфронтирал со македонските претствници, кои наводно многу му биле лути.