Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи се најавени во југоисточните делови од земјата (над 20 l/m²). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.