СДСМ целосно го разобличува начинот на ширење лажни вести и дезинформации од страна на кујните на ВМРО и медиумите под контрола на Орбан, рече на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Нивните црни кампањи против опозицијата, јавниот линч врз претседателот Филипче се базирани на лаги и дезинформации.

Денеска, ќе покажеме уште еден еклатантен пример како се злоупотребува медиум за да се шират дезинформации.

Порталот „Република“ објавува вест со наслов, цитирам: „Притисокот на Филипче врз ‘Република’ стигна до Брисел“.

Во текстот стои: весникот Brusselmorning објави текст со наслов „Проевропска партија само декларативно: Болшевичкиот пристап на СДСМ кон контролата на медиумите“, во кој се критикува притисокот и односот на опозициската партија во Македонија кон новинарите чии наслови ги нарекува токсични.

Ова е чиста лага.

Вистината е следна:

Објавениот текст не е став на Европската Унија, не е став на весникот Brusselmorning, ниту на која било европска институција ниту не европски медиум.

Станува збор за лично мислење на авторот, кој е новинар на „Република.мк“.

Значи, „Република.мк“ си цитира свој новинар, а го објавува како меѓународна реакција и потоа тоа го продава на јавноста како осуда од Брисел.

Ова е организирана дезинформација. Fake news!

Не само што три дена пишуваа за ова, туку истиот новинар потоа направи и поткаст на истата тема (за својот текст), со наслов „Што велат медиумите во Брисел“.

Еве на овој начин континуирано се шират дезинформации, говор на омраза, се пласираат невистини и се фабрикуваат скандали насочени кон СДСМ, Венко Филипче. А се води и анти-ЕУ кампања.

Само во последната година преку анализа и хроника на СДСМ беа документирани и објавени над 1.000 текста и наслови од медиуми блиски до ВМРО – со дезинформации, фабрикувани афери и неосновани напади.

Сè е јавно, проверливо и документирано.

СДСМ нема да дозволи медиумите под влијание на Орбан да ја трујат јавноста.

Оваа злоупотреба доаѓа токму во момент кога СДСМ јавно ги разобличува мрежите на дезинформации и медиумите под влијание на унгарскиот модел на Виктор Орбан – модел што ВМРО отворено го копира.

И тука е суштината.

Овие медиумски групации и структури на Орбан во Македонија служат како политичка алатка на ВМРО.

Оваа е мрежа на авторитарни влијанија, кои ја оддалечуваат Македонија од Европската Унија, ја поткопува медиумската независност.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=tGX_wAWhVqw 

Фото: СДСМ