Собранието денеска ќе ја одржи 84.седница, на чиј дневен ред се шест точки.

На дневен ред се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија – второ читање.

Пред пратениците по скратена постапка се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници и Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.