По шестиот ден на Зимските Олимписки игри домаќинот Италија е државата со најмогу освоени медали вкупно 17 (6 златни; 3 сребра, 8 бронзи). Најмногу златни медали има освоено Норвешка – 7 или имаат вкупно 14 медали. Вкупно 14 медали имаат и натпреварувачите од САД. Досега се завршени 44 од 116 дисциплини.

На денешниот седми ден на Зимските Олимписки игри ќе бидат доделени седум комплети медали, а првата финална дисциплина е натпреварот во крос кантри 10 километри за мажи каде настап ќе има и македонскиот олимпиец Ставре Јада. На биатлонската патека од 10 километри ќе се натпреваруваат мажите, додека сноуборд натпревари за медали ќе има жените дисциплина крос и кај мажите халфпајп.

На патеката во брзо лизгање ќе се натпреваруваат мажите – 10.000 метри, а во машка конкуренција ќе биде доделен и комплетот медали во скелетон. Во вечерните часови ќе се одржи и слободната програма во уметничко лизгање во машка конкуренција.

На хокеарските турнири ќе се играат натпревари и кај мажите и кај жените.