Објавата на Белата куќа на заедничката изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој на својот фејсбук-профил пишува дека по договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објавила заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија.

– Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа го трасира патот кон сеопфатен договор, кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15 %, а за одредени производи и индустрии и до 0 %, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст. Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција – пишува премиерот Мицкоски на „Фејсбук“.

Ова, додава тој,е политика на конкретни резултати, чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници.

Фото: ФБ Христијан Мицкоски