Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит Хрватска, соопшти прес центарот на Владата на Македонија.
Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството, потенцираат во соопштението.
Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува, соопшти Владата.
Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери, се наведува во демантот на Владата на Република Македонија.




