СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче. Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го објавува интегрално.
Имено, потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, истакна дека одлуката на тогашната влада за која, меѓу другото, се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри, кои присуствувале на седницата, односно целата тогашна влада.
Дали некои од функционерите на СДС се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни? Зошто СДС со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?
СДС беше спремна на сè, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број криминали и тоа ги доведе до речиси 130.000 гласа.
Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДС и ДУИ мора да има!
Фото ВМРО – ДПМНЕ




