ВМРО-ДПМНЕ им оддава почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на неговиот кабинет и на екипажот, кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа, се наведува во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија во период на сериозни искушенија. Неговото дејствување беше насочено кон зачувување на мирот, стабилноста и меѓународниот углед на државата.

Неговата политика на дијалог и единство претставува потсетник дека државничката зрелост, храброста и чувството за одговорност се темел на секоја стабилна и суверена држава.

Денес, повеќе од две децении подоцна, останува обврската да се чува државата, да се гради единство и да се продолжи патот на стабилност и напредок.

Нека е вечен споменот на Борис Трајковски.