Роберт Ф. КЕНЕДИ
Сите заработуваат пари од тоа што сме болни. Стапката на обезност кај децата порасна од околу 5% на речиси 20%, а кај возрасните 70% се обезни или со прекумерна тежина. Тоа не беше така кога ние бевме деца. Не е затоа што Американците станале мрзеливи или постојано гладни, туку затоа што се масовно труени.
Прехранбените компании заработуваат од тоа што нè разболуваат, а фармацевтската индустрија заработува од тоа што нè одржува болни. Би помислиле дека осигурителните компании би сакале луѓето да бидат здрави, но не е така. Тие всушност заработуваат повеќе ако повеќе луѓе се болни.
Сите заработуваат пари од тоа што сме болни.
Овие зборови на американскиот министер за здравство се на денот на бирба против обезноста – 4 март, кога и и директорот на ФЗО, Клековски објави:
Круг на поддршка – за тежината да стане полесна Денеска на 4 март – Светскиот ден на дебелината (World Obesity Day 2026), со глобална тема „8 милијарди причини да дејствуваме против дебелината“, Научното здружение за обезност ОБЕМ ја промовира кампањата: Круг на поддршка – за тежината да стане полесна.
Дебелината е еден од најголемите здравствени предизвици на 21 век – заедно со физичката неактивност, алкохол и пушење. Затоа Фонд за здравствено осигурување на Македонија дава целосна поддршка на оваа иницијатива и се приклучува кон подигање на свеста.
Дополнително треба да отвориме општествената дебата за две клучни причини за ширењето на дебелината кај децата и возрасните: засладени пијалоци и високо процесирана храна/ џанк фуд.
Засладени пијалоци (SSB – sugar-sweetened beverages)
Предлагам воведување на данок на пијалоци засладени со шеќер – една од најдокажаните и најраспространети здравствени фискални мерки во светот. Веќе е воведен во над 110 земји! Целта е намалување на консумацијата, вклучувајчи и преку реформулација на производите (помалку шеќер во соковите) и пренасочување на собраните средства во здравство и превенција. Ова е предлог за широка јавна дискусија.
Високо процесирана храна и џанк фуд
Ги повторувам и потсетувам за предлозите од минатата година:
Забрана на џанк фуд во училиштата
Реобмислување на училишната исхрана – повеќе свежа, незасладена и здрава храна
Поддршка и проширување на проектот „училишни градини“ – за децата да научат од каде доаѓа храната и да создадат здрави навики уште од мали.
Slow Food Училишни Градини
Фондот продолжува да обезбедува поддршка за современи третмани: лекови за дебелина и баријатриска хирургија. Но, сите знаеме дека ниеден третман не е траен без промена на стилот на живот.
Дали е време за данок на засладени пијалоци? Дали училиштата треба да бидат „зони без џанк фуд“? Заедно можеме да го направиме кругот на поддршка уште поголем!



