Федералниот совет (влада) на Швајцарија денеска усвои нацрт-закон со кој се предвидуваат низа мерки за продлабочување на економските врски на Берн во Европска Унија.
Федералниот совет соопшти дека пакетот мерки е во интерес на земјата и ќе обезбеди континуитет на односите со ЕУ, нејзиниот најважен трговски партнер.
– Со оглед на напнатата геополитичка ситуација, стабилните и сигурни односи со соседните европски земји се од стратешко значење. Договорот, што првично беше постигнат меѓу Швајцарија и ЕУ во декември 2024 година, ќе создаде безбедност за нејзината извозно ориентирана економија и ќе обезбеди просперитет.
Се очекува дека новите мерки ќе наидат на силен отпор од националистите кои тврдат дека подлабоката интеграција со ЕУ ќе го загрози суверенитетот на Швајцарија и ќе го забави нејзиниот развој.
Доколку нацрт-законот биде изгласан во парламентот, за него граѓаните ќе се изјаснат на референдум.




