ПСЖ синоќа ја забележа втората победа над Челзи осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите. Парижаните славеа во Лондон со 3:0.

– Демонстриравме високо ниво на игра во текот на натпреварот. Игравме многу прецизно во транзиција и постигнавме два гола, што ја уби тензијата во натпреварот. Контролирањето на играта во вакви натпревари е секогаш тешко, бидејќи Челзи е одличен тим кој се стреми брзо да постигне голови. Не беше лесно да се победи по втор пат, но ние бевме совршени во транзиција. Ова беше клучот за нашиот успех. ПСЖ одигра одличен натпревар и заслужи да победи, изјави Енрике по мечот.

На првиот натпревар беше 5:2 за ПСЖ и со вкупни 8:2 тимот од Париз се пласира во четвртфиналето.

Ривал на ПСЖ во четвртфиналето ќе биде победникот од двомечот Галатасарај – Ливерпул (на првиот натпревар беше 1:0 за турскиот претставник).