Чешкиот премиер Андреј Бабиш упати невообичаено остра критика кон Израел, нарекувајќи го нападот врз иранското гасно поле „Јужен Парс“ како „неразбирлив“ потег кој предизвика хаос на светските енергетски пазари.
Говорејќи на Самитот на ЕУ во Брисел, 71-годишниот Бабиш истакна дека овој напад предизвикал експлозија на цените на гасот, уништувајќи ги надежите дека трошоците за енергенси во неговата земја веќе го достигнале својот врв. – Оваа работа тотално ги уништи пазарите, цената на гасот експлодираше – изјави лидерот на десно-популистичката партија АНО, нагласувајќи дека ситуацијата сега е целосно променета на штета на потрошувачите.
Ваквиот став на Бабиш се смета за неочекуван, со оглед на тоа што Чешка традиционално важи за еден од најблиските сојузници на Израел во рамките на Европската Унија.




