Ви претставуваме извадок од документарниот филм „Илинденска епопеја“, на Радио Телевизија Скопје од 9 август, 1978 година. Во него, Пандора Кираца (1887–1973), внука од сестра на Питу Гули дава сведоштво за неговата средба со останатите револуционери, и како тој ревносно реагирал на коментар кога еден од борците „Да живее браќа Бугарија“.
Питу Гули јасно ја искажал својата македонштина и извикал дека борбата е за Македонија а не за Бугарија. Овие сведоштва се важни за да се документираат, посебно сега кога сме соочени со негаторските и антимакедонски ставови на бугарскиот државен апарат.