Ние играме многу тивко, анализираме, мериме пред да пресечеме и не правиме естрада од ништо. Едноставно ги движиме работите напред, тоа е нашата стратегија. Значи не сакаме премногу естрада, галама, бука, туку едноставно сето тоа да биде одмерено, и да не се случува некоја хистерија со која ние ќе станеме здодевни кај граѓаните и претенциозни, тоа не ни е желбата. Тоа не е добро. Затоа се трудиме на овој начин да ги водиме политиките“, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Премиерот Мицкоски коментирајќи го тимот на СДСМ, рече дека овој тим на СДСМ е осуден на пропаст, посочувајќи дека залудни им се и оние советници од Србија под менторство на поранешниот советник на Заев кои од партијата направија прокси.
– Во делот на нашиот, се уште легитимен политички противник, а тоа е се уште во моментот СДСМ односно коалицијата која што таа ја предводи. Јас жалам што некогаш државотворната СДСМ, денеска гледам една група на луѓе која што ја има целосно приватизирано со една реторика, со една стратешка порака која што апсолутно не доликува на ваков тип на политичка партија. Која што одбрала да ја поими политиката како принцип во кој што ќе измислуваат и тогаш ќе ја испраќаат таа порака во јавноста, „растури ги пердуви, они секако не можат да ги соберат сите пердуви, па дел од луѓето ќе ни поверуваат во тие лаги“ итн. Но, тоа е на краток рок. На среден и на долг рок, осудени се на пропаст и овој тим од Србија што е дојден овде под менторство на еден поранешен советник во кабинетот на поранешниот претседател на СДСМ и премиер, и луѓето кои што тој ги донесе се луѓе кои што не носат нешто револуционерно. Не се луѓе кои што носат нешто кое што може СДСМ да ја врати на оние позиции во кои што беше препознаена можеби некогаш во минатото, истакна Мицкоски.
Јас не знам дали е свесен СДСМ, додаде премиерот Мицкоски, во целата ситуација дека игра улога на прокси, но мислам дека некој таму барем малку е свесен за тоа што се случува и мислам дека ќе преовладее некаков разум. Но тоа е нивна работа.




