Демир Демири е лицето кое вчера говореше на протестот организиран поради незадоволството од неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.
Веејќи албански знамиња и скандирајќи „УЧК, УЧК“, криејќи се зад превезот на „загрижени студенти“, луѓето кои вчера протестираа си ја покажаа и лажната грижа и вистинската намера.

Меѓу нив најактивен беше говорникот Демир Демири, кој е член на СДСМ. Освен тоа, тој е и близок другар на Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Според фотографиите од социјалните мрежи, освен на партиски собири, ова лице со високи функционери на СДСМ се дружи и приватни прослави, како свадби.



Со вакви лица, сосема е јасно кој стои зад протестите и каква намера има.




