Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува период на променливо облачно и релативно топло време, со сончеви периоди во текот на денот.

Утре ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува засилен југоисточен ветер, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 километри на час. За време на викендот ветерот ќе го промени правецот во северен, со умерен интензитет.

Утрово најниска темепратура од 4 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат 6 Kрушево, Лазарополе, 7 Крива Паланка, Берово, Mаврови Анови, 9 Претор, Битола, Прилеп, Виница, 10 Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија, соопшти УХМР.

Според податоците на УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнало во Битола, 11 литри на метар квадратен. Потоа следат 10 Претор, 8 Тополчани, 6 Крушево, 4 Охрид, Кавадарци, 2 Скопје-Петровец, Велес, Струмица, Берово, 1 Куманово, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Попова Шапка.

На Попова Шапка снежната покривка е 13 сантиметри.

Фото: МИА архива