Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес присуствуваше на одбележувањето на Денот на Командата за обука и доктрини (КОД).

Министерот истакна дека КОД се клучен сегмент во системот на македонската Армија од кој зависи нејзината подготвеност, развој и оперативна способност.

-Тука се поставува и развива доктрината, се насочува обуката и се гради професионалниот кадар. Преку јасни стандарди, континуирано усовршување и усогласеност со НАТО побарувањата се обезбедува интероперабилност и ефикасно делување, изјави Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека КОД е основа за создавање на подготвена и оперативно способна македонска Армија, која одговара на современите предизвици.