Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите меѓу Израел и Либан за прекин на огнот ќе се одржат денеска.

Тој напиша на својата социјална мрежа Truth social дека разговорите ќе се одржат меѓу лидерите на двете земји.

„Се обидувам да добијам простор за дишење меѓу Израел и Либан. Помина долго време откако двајцата лидери разговараа, околу 34 години. Тоа ќе се случи денеска“, напиша Трамп.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ќе разговара со либанскиот претседател Џозеф Аун – изјави неименуван израелски функционер за Си-ен-ен.

Израелските медиуми објавија дека безбедносниот кабинет на Израел разгледува еднонеделен прекин на огнот во Либан поради притисокот од САД, но дека израелската армија продолжила да ги гаѓа целите на милитантната група Хезболах во јужен Либан од утрово.