„Лидерот“ на СДС које е единствениот Македонец кој не гледа бугарски атак врз македонскиот идентитет „искрши нозе“ прв да му честита на Румен Радев за владата во Бугарија. Во честитката, пак, има две личности. Венко, па Филипче, пишува Курир.

Ни половина час по изборот во парламентот, Венко во име на СДС прв во светот му го честиташе мандатот на Румен. Во честитката се однесува како познатиот волшебник Тарара, кој 5 минути е добар, а 5 минути лош. Така и Венко, прво зборува за некаква си „северна“,  за да веќе во следниот ред пишува Македонија. Прво се „бори“ за националните интереси, за да потоа ја кодоши сопствената држава дека создавала вештачки конфликти со соседите, т.е. Бугарија. Во превод, Софија е во право за барањата во Францускиот предлог, Вториот протокол е супер итн. Т.е. – се’ е вештачка измислица на ВМРО и 82% граѓани кои рекоа НЕ за Бугари во Устав без гаранции од ЕУ. Венко VS Филипче.

„Лидерот“ на СДС не се реши, дали е патриот или одрод, оти двете заедно не одат. На страна тешките лаги за некаков си криминал на власта, лага која макар кажана од него, го урива имиџот на истата таа Македонија.

Интересно, Венко прво стартуваше со „северна“ и продолжи со Македонија, но еволуцијата не му беше целосна. Не издржа, па удри на кодошлук кон власта во државата и пак се контрираше со своите демек барања за „незагрозување на идентитетот“, кога од друга страна пиша дека Владата „создава вештачки конфликти со соседите“. 5 минути топло, 5 минути ладно. Народот ова го нарекува „лимон табиет“.

„СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура.

Македонија е цврсто определена за европска иднина. Единствениот пат е патот на ЕУ-интеграциите.

За жал, во Македонија постои криминална група, предводена од Христијан Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите за заштита на својот корумпиран систем…“ се вели во дел од честитката на Филипче до радев, упатена преку Х.

Извор: Курир