Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, изјави дека плановите за зајакнување на фронтовските единици на границата со Јужна Кореја се клучни за „подлабоко одвраќање на војната“.
Според извештаите на севернокорејските државни медиуми, Ким Џонг-ун тоа го посочил на состанок со команданти на дивизии и бригади на оружените сили, при што повикал на корекција на системот за обука и проширување на практичните вежби, со насока на прилагодување кон современите услови на војување.
Тој исто така нагласил дека воените планови мора да ја одразуваат модернизацијата на опремата и техниката, како и да се интегрираат во борбената готовност на единиците.
Севернокорејските медиуми наведуваат дека Ким Џонг-ун посебно ја истакнал важноста на идеолошката лојалност и будноста кон „заколнатиот непријател“ – термин со кој Северна Кореја ја означува Јужна Кореја.




