Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија ќе биде потпишан денеска на настан во Ректоратот на УКИМ, на кој ќе присустува и министерката за образование и наука Весна Јаневска.
УКИМ, настанот го организира со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а Меморандумот ќе биде потпишан со два германски универзитети Technische Hochschule Köln и FernUniversität Hagen, а како партнери од македонска страна се Градежниот и Економскиот факултет.
Меморандумот ќе овозможи унапредена меѓуинстутиционална соработка во областа на зелената транзиција и циркуларната економија во градежништвото, теми кои се дел од основните цели на ЕУ агендата, кои треба да се исполнат во следната декада.
На настанот ќе присуствува и германската амбасадорка, Петра Дрекслер.
Фото: архива




