Жител на Росоман е приведен од полицијата по два одвоени настани, меѓу кои нарушување на јавниот ред и мир и закани кон градоначалникот на општината.
Според информациите од МВР, 35-годишниот И.А. бил приведен во раните утрински часови на 31 мај, откако во видно алкохолизирана состојба на улица во Росоман се однесувал агресивно и не постапувал по наредби на полициските службеници. Подоцна било утврдено дека кај него биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.
Дополнително, истиот бил пријавен и за физички напад во угостителски објект, при што повредил 18-годишно лице со стаклен предмет.
Полицијата информира дека против него претходно на 30.05.2026 година, со И.А. бил извршен службен разговор по пријава дека во периодот од април 2026 година до денот на пријавувањето, преку социјална мрежа објавувал содржини насочени кон Ѓ.К.(37), градоначалник на Општина Росоман, со што кај пријавителот предизвикал чувство на страв и загрозеност.
За двата настани е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.




