Козметички промени нас не не интересираат. Кој и да го стават, знаеме кој вистински води и каде оди. Мицкоски и неговата криминална група водат во изолација. Продолжува кражбата додека народот осиромашува. Неговата влада е иста како и партијата – само фан-клуб на Мицкоски. Затоа е сеедно дали тој седи и потпишува или некој друг. Други имиња, иста приказна. А кој работеше добро? Мицкоски за себе и за својата банда – тоа сигурно работеше добро, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.
И оние партиски фирми на „татко“ кој не е татко, тендерите 161 за една, 51 за друга, 93 за трете… тендерите на Пошта за советникот од ЗНАМ. Тие работат добро – за себе.
Останатото е само театар за јавноста.
СДСМ




