Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен Игор Илиевски.
Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија.
Ракометната федерација на Македонија му се заблагодарува на Танески за неговиот ангажман и придонес во работата со младинската репрезентација, а на Илиевски му посакува успешна работа и многу успех на претстојното Европско првенство.




