Опозиција која бега од избори како вампир од лук не заслужува да биде власт. СДСМ секој ден праќа до јавноста соопштенија и држи прес-конференции против власта од која се плаши да се пресмета на избори. Катаден опозициски „дигаат просечна плата и пензии за 50 отсто“, а токму избори и доаѓање на власт им е шанса да се покажат во таа дарежливост.

Во продолжение денешната панична реакција на партијата која сака да владее од евентуални предвремени парламентарни избори:

Мицковски денес изјави дека парламентарни избори ќе има многу скоро.  Ова доаѓа откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори и дека мигрантите, односно економските работници нема да доаѓаат оваа година, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално.

Сега, одеднаш, изборите се „многу скоро“.

Ова не е прв пат Мицковски да ја менува приказната според моменталната потреба.
Има двајца Христијан Мицкоски.

Едниот ќе го враќаше името, најавуваше поништување на Преспанскиот договор а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата.

Едниот беше против НАТО, другиот сега го фали со членството.

Едниот со Латас водеше антиевропска кампања, другиот во странство кажува дека ќе прави реформи и дека оди кон Европа.

Исто е и со изборите.

Додека имаше пари и можност да се задолжува, Мицкоски тврдеше дека избори нема да има.

Сега, им снемува пари, не може да ја задолжува државата и граѓаните колку што сака, одеднаш изборите вели дека се „многу скоро“.

Мицковски и неговата банда се плашат од моментот кога ќе немаат повеќе пари за да ја одржуваат власта и тендерите.

Затоа, штом ќе им снема пари за задолжување, ќе побрзаат кон избори. На сите сега им е јасно.

Нема веќе граѓанин во Македонија што не знае дека Мицкоски дојде на власт со лаги и дека денес владее со лаги.

фото: архива