СДС повторно си ја ишка мувата од капата. Свесни за резилот кој ги наваса со откритието на фирмите во Петрич на нивниот сегашен чувар на тронот, Венко Филипче, на иста адреса со вистинскиот лидер Зоран Заев, партијата од Бихаќка (со седиште на старите скопски гробишта?!), ја закопува вистината со лаги и дигресии од болната тема, темса која објансува многу зошто нивниот т.н. „лидер“ станува и легнува со реченицата „БУГАРИ ВО УСТАВ, ПОД ИТНО!“. Двајцата дубајски златновизаши не се интересни за СДС, затоа што се нивни стопани. А таму важи она српското „Вежи коња где ти газда Заев каже“…

Затоа, во рамки на познатото ширење магла од кујната на СДС, и денеска измислија нова дигресија и „занимација“ за рајата, поврзана со член на владејачката партија. Сега, по лагите за мигрантите, тројанските коњи, забавениот напредок, банкротот на државата, изолацијата и сијасетот индолентни лаги демантирани од сите засегнати страни, на мета има е Игор Јанушев. Нов ден, нова лага.

„Бугарски капитал, фирма или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК.

ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта.

ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира јавноста.“, свикаа од СДС.

Ќе се запрашате зошто удрија по генералниот секретар на Владата, кој нема никаква дамка во своето работење? Прво, токму затоа што нема никаква дамка.

Второ, стилското средство се вика АНАЛОГИЈА, па партијата која ја окаља функцијата ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДА во Македонија и која беше единствена влада во светската историја чии ДВАЈЦА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ГЕНЕРАЛНИ СЕКРЕТАРИ ЗАВРШИЈА СВИРЕЈЌИ КЛАВИР, ПА ВО ЗАТВОР, сега се „вози“ на истиот тој филм, не сфаќајќи притоа дека ова не е владата на Заев опкружена со криминалци, дујдисани според ликот и делото на тогашниот премиер. И по Рашковски, Зекири. Два генерални секретара кои завршија во апс заради огромни проневери на пари.

Ова е дел од инфантилниот СДС серијал со релативизацијата „сите се исти“.

За нивна голема жал, не се…

Извор: Курир