Авганистанските талибанци соопштија дека го нападнале Пакистан, додека Исламабад тврди дека неговите сили пресретнале и собориле четири дронови во Белуџистан.

Авганистанското Министерство за одбрана објави дека неговите сили започнале воздушни напади врз центарот на Исламската држава (ИД) во градот Саранан, во пакистанската гранична покраина Белуџистан, како и на други места во покраината Хајбер Пахтунхва, објавија британските медиуми.

Пакистанската војска соопшти дека веднаш ги забележала и неутрализирала дроновите, а дека еден е виден во близина на јавно училиште во Саранан.

Две лица се повредени, наведоа официјални лица.

Последниот голем конфликт меѓу двете земји се случи во понеделникот, кога 28 цивили беа убиени, а 49 повредени во пакистански напади на границата со Авганистан, што Исламабад го нарече одмазда за терористичките напади на пакистанска почва.